W3C

W3C основни стилови

Original: http://www.w3.org/StyleSheets/Core/Overview.html
Преведено од: Macedonia Travels

Имајте во предвид дека ова е превод на оригиналниот W3C документ и е во сопственост на W3C. Не преземаме никаква одговорност за грешки во копијата.

Основните стилови (стилски листови) на W3C на авторите им нудат лесен начин да почнат да користат стилски листови без притоа да станат дизајнери. Преку додавање на еден линк во главата на вашиот документ, кога CSS прелистувачот ќе го сретне вашиот документ, ќе го доведе избраниот од вас стилски лист од серверот на W3C. Прелистувач кој не поддржува CSS ќе го прикаже HTML документот како што секогаш го прикажува.

За да почнете да ги користите Основните стилови на W3C, направете го следново:

  1. Изберете го вашиот омилен стилски лист помеѓу осумте понуди: Chocolate (чоколоадо), Midnight (полноќ), Modernist (модернистички), Oldstyle (стар стил), Steely (челичен), Swiss (швајцарски), Traditional (традиционален), и Ultramarine (ултрамарин).
  2. додајте LINK елемент во главите на вашите документи. Еве еден пример како да го направите тоа во HTML 4.01:
    <!doctype html public '-//W3C//DTD HTML 4.01//EN'
      'http://www.w3.org/TR/html4/strict.dtd'>
    <html>
      <head>
        <title>Document title</title>
        <link rel="stylesheet" href="http://www.w3.org/StyleSheets/Core/Modernist" type="text/css">
      </head>
      ...
    

    или во XHTML 1.0:

    <!DOCTYPE html PUBLIC '-//W3C//DTD XHTML 1.0 Strict//EN'
      'http://www.w3.org/TR/xhtml1/DTD/xhtml1-strict.dtd'>
    <html>
      <head>
        <title>Document title</title>
        <link rel="stylesheet" href="http://www.w3.org/StyleSheets/Core/Modernist" type="text/css" />
      </head>
      ...
    

    Проверете го HTML изворот на оваа страница за еден реален пример.

Основните стилови на W3C беа дизајнирани и имплементирани од страна на Тод Фарнер (Todd Fahrner) со помош од колеги од (од тоа време) Verso [врска од 1998]. Ова се’ уште е проект во развој за проучување на споделиви стилски листови преку Мрежата и ние ве охрабруваме да почнете да ги користите Основните стилови. Притоа, треба да го имате во предвид следново:


Берт Бос (Bert Bos), куратор на W3C.

Авторски права ©  1997-2009 W3C (MIT, ERCIM, Keio), Сите права се заштитени. Правилата на W3C за одговорност, заштитен знак, употреба на документи и лиценцирање на софтвер се приложени.